Данките се новите европски младински шампиони

Во големото финале на младинското Европско првенство во Валенсија, младинките на Данска ги совладаа врсничките од Русија за ново европско ракометно злато.
Во интересен натпревар, репрезентативките на Данска со одличен финиш на првиот дел и рутинирана игра во вториот се искачија на врвот на ракометна Европа во младинска конкуренција, иако до 15 минута се навестуваше победа на Русинките.
Со овој триумф Данките покажаа најсериозен напредок, откако пред две години истата генерација на европското кадетско првенство се избори за бронзениот медал. Русинките како и пред две години завршија на втората позиција и не успеаа да го продолжат континуитетот на нивните постари колешки.
persisted.d96f215e-e6a3-8a81-3fbd-162c274cdf9b._ABS6819
Почетокот на натпреварот им припадна на Русинките, кои со серија од 5-1 дојдоа до предност од четири голови, 7-3 во 14-та минута. Разликата се задржа низ средината на првиот дел, се до 20-та минута кога Педерсен со три голови во низа го најави пресвртот на овој натпревар. Првото полувреме им припадна на Данките со конечен резутлат 13-10.
Русинките имаа неколку шанси да се вратат во второто полувреме, но иако имаа минимална негатива ниту еднаш не успеаа да го изедначат резултатот. На крај Данките со конечен резултат 26-29, се радуваа на нов медал, овојпат најсјајниот.
persisted.e6b85329-5718-0f23-3187-bca5dae8eafd.cmp final 7
Шведска во натпревар за третото место ја совлада репрезентацијата на Унгарија и го освои бронзениот медал.

ФИНАЛЕН РАСПОРЕД
1  Данска
2  Русија
3  Шведска
4  Унгарија
5  Германија
6  Норвешка
7  Црна Гора
8  Шпанија
9  Франција
10  Романија
11  Србија
12  Хрватска
13  Белорусија
14  Португалија
15  Македонија
16  Литванија