Данкерк му се реваншираше на Алборг: Францускиот шампион фати приклучок за Топ 16!

Изненадување во групата Д приреди францускиот шампион Данкерк кој по поразот од Алборг во првото коло во Франција со 21-26, денес во Алборг арената го совлада домашниот тим со 25-28.
Од самиот старт Французите покажаа дека не се дојдени со бело знаме, поразот на домашен терен од истиот противник беше мотив повеќе да дадат се од себе и конечно да фатат приклучок за четирите места во групата Д кои водат во следната фаза. По првите 30 минути на големо изненадување на домашните навивачи, Данкерк беше во водство 13-15. Наместо да ја променат играта и пристапот на овој натпревар во продолжение на второто полувреме ракометарите на Алборг постојано каскаа зад гостинските ракометари.
Во 38-та минута Данкерк имаше четири голови предност 16-20, а тајм аутот на стручниот штаб на Алборг не промени ништо во продолжение. Буто во 43-та минута од контра напад ги однесе гостите на пет голови предност, 17-22. Истиот ракометар имаше можност да ја зголеми предноста на шест голови, но обидот од пенал го одбрани домашниот голман, Вестфал. Добрите одбрани на голманот беа пресудни Алборг да се врати на три голови предност 22-19. Во периодот со многу исклучувања, Данкерк иако со играч помалку повторно успеа со одличниот погодок од цел терен да ја зголеми предноста на 5 погодоци, 24-19. Ракометарите на Алборг заиграа многу подобро откако силите на терен беа изедначени, со серија од 3-0 се вратија на само два гола предност 22-24 во 53-та минута.
Емонет од пенал во 58-та минута ја обезбеди победата на Французите, осигурувајќи недостижни четири голови предност 24-28. До крајот ракометарите на Алборг само ја намалија разликата во поразот од 25-28.
Еден од најдобрите поединци во гостинскиот тим беше голманот Жерар кој имаше 15 одбрани, а кај домаќините Сагосен постигна 6 голови.