Данило Брестовац нов селектор на кадетска и младинска репрезентација

На редовната седница на Управниот одбор, во просториите на РФМ се одреди селекторот кој ќе ги водат младите категории низ квалификациите за големите натпреварувања. Според предлогот на челните лица на РФМ, а прифатен од сите членови на управниот одбор, за нов селектор на кадетската и младинската репрезентација е назначен тренерот Данило Брестовац.

Главниот фокус на македонските кадетите ќе биде Светското кадетско првенство 2019 година кое ќе се одржи во Македонија. До сега кадетите ги водеа в.д. селекторите Никола Матлиевски и Кристијан Грчевски, а младинците Илија Темелковски.

Данило Брестовац е тренер на Ред Бојс Диферданж во Луксембург, а во својата богата кариера бил дел од стручниот штаб на сениорскиот национален тим на Македонија. Според одлуката, младинските репрезентации треба да ги предводи тренер кој има „мастер коуч“ лиценца и искуство во работа со млади категории.