Данило Брестовац: Железничар е можност за добар натпревар и прва победа

После пет средби во Сеха-лигата на која беше освоен само еден бод против Извиѓач на домашен терен, в среда екипата на Металург ја очекува дуел против Железничар.

„Убава можност за добар натпревар. Го респектираме противникот. Ова е шанса за да одиграме добро и да ја забележиме првата победа. Заморени сме после двете патувања во Лигата на шампионите. Работиме на играта за Железничар. Направивме анализа на последниот натпревар, а тоа ќе ни овозможи за следниот дуел. Имаме два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател. Имаме добра можност да одиграме добро и да забележиме победа“, коментираше тренерот Данило Брестовац.

Средбата се игра в среда од 20:15 часот, а тоа ќе биде шанса конечно да се види Металург во едно подобро издание.