Дамите од Унгарија и Норвешка во финалето на европското првенство во ракомет на плажа

Попладнево се одиграа полуфиналните дуели на деветиот европски шампионат за ракомет на плажа во женска конкуренција.
FLP_3612 (5)-2
Во првото полуфинале посреќни беа бранителките на титулата, репрезентацијата на Унгарија која по изведување на пеналите обезбеди пласман во големото финале. Италијанките го обезбедија првиот сет со високи 19:10, но Унгарија возврати за израмнување на резутлатот на 1-1. По изведување на пенал рулетот Унгарките славеа со 9-6.
FLP_3612 (2)-2
Второто полуфинале понуди нови возбудувања, Норвешка се пласираше во финалето совладувајќи ја домашната репрезентација по изведување на пеналите. Првиот сет го освоија Шпанките, но Норвежанките со идентични 13-10 возвратија во вториот. Победникот се одлучи по петте серии на акции еден-на-еден, а во финалето ќе играат Норвежанките кои постигнаа 9 поени наспроти шесте на домаќинот.
FLP_3612 (1)-2
Утре во Лорет де Мар се играат финалните натпревари, а програмата започнуваат од 13:00.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ