Дали Металург ќе го испрати Загреб со два порази од скопската турнеја?

Ракометарите на Металург по првата победа во Лигата на шампионите, ги очекува нов натпревар во СЕХА Лигата, каде имаат половичен успех досега, 2 победи во 4 натпревари. Следен противник е искусниот тим на Загреб, предводен од легендарниот Касим Каменица.

Загреб во неделата загуби од Вардар во Лигата на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ со 28:21, а вечерва ќе игра против Металург во СЕХА, па нивната желба е да се подобри впечатокот. Сите момци на Касим Каменица во изјавите пред мечот се едногласни во тоа дека на овој меч само победата е опција и ќе се обидат да стигнат до неа, иако Металург има свои адути пред мечот.

Во отуство на Червар, Металург ќе биде предводен од Александар Јовиќ, а ќе играат истите ракометари што беа дел од победата над Спортинг во Лигата на шампионите. Натпреварот започнува во 20:45 часот, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.