Дали Вардар ќе добие ново засилување? Макарена Агилар и Ростов Дон ја прекинаа соработката

Женскиот ракометен клуб, Ростов Дон од Русија, излезе со соопштение на својата клупска страна дека соработката со репрезентативката на Шпанија, Макарена Агилар е прекината.
Искусната репрезентативка на Шпанија во Ростов Дон дојде од унгарскиот вицешампион, Ѓер. Агилар во рускиот шампион беше само неколку месеци, а дали својата кариера ќе ја продолжи во ЖРК Вардар, официјално ќе дознаеме наскоро.ЖРК Вардар веќе преговараше со искусниот бек, но шпанската репрезентативка одлучи да замине во Русија.
Макарена Агилар е девојка на новиот ракометар на македонскиот шампион РК Вардар, шпанскиот репрезентативец, Хорхе Македа, а дали семејството ќе се обедини во Скопје ќе зависи од договорот меѓу управата на ЖРК Вардар и ракометарката.

Агилар во својата ракометна кариера го носеше дресот на Ичако, Рандерс, Сагунто, Валенсија и поранешниот европски шампион, Ѓер.

Фото: www.ehfcl.com