Давид Писонеро: Немам притисок, Супер Глоуб турнирот ќе биде предизвик за убав старт со Вардар

Екипата на Вардар уште го нема средено комплетниот играчки ростер за следната сезона, но веќе се знае дека во новите предизвици тимот ќе биде предводен од страна на нов тренер од Шпанија. Давид Писонеро, кој досега работеше во Ваљадолид

Во своето прво интервју како тренер на Вардар објавено на страната на Европската ракометна федерација, Писонеро потврдува дека тоа што доаѓа како наследник на двајца негови сонародници кои освоија титула не му претставува дополнителен притисок.

„Тоа што сум наследник на Раул Гонзалес и Роберто Парондо не ми носи дополнителен притисок туку напротив би сакал да го искористам целосно она што тие го направија со тимот. Се надевам дека со тоа ќе му овозможам на мојот нов тим шанса за одново да се бори за трофејот“, вели Писонеро.

Тој коментира и дека нема подобар предизвик од тој во новата сезона да се почне со играње на Супер Глоуб каде што вели дека очекува титула.

„Се надевам дека ќе успееме да бидеме подготвени да одиграме на високо ниво во август, па ќе се обидеме да ја освоиме првата титула на Супер Глоуб турнирт. Ова е фантастичен начин да се почне со новите предизвици. Со оглед на тоа што се приклучувам во тимот на освоувачот на Лигата на шампионите, главниот фокус ќе биде да се задржи тимот на истото ниво од минатата година и да се обидеме да го повториме успеход. Се разбира ќе се обидеме и да се подобриме во некои аспекти од играта“, вели Писонеро.

Неговата прва задача ќе биде на крајот од август. Ќе треба да се покаже и во Супер купот на Македонија и на Супер Глоуб турнирот така што ова ќе биде шанса за Писонеро да го оправда повикот и задачата добиена од страна на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Вардар.