Давид и Голијат или Скубе и Кристопанс – „Се разбираме со еден поглед“! (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ТВ направи интересна сторија за средниот и десниот бек на Вардар, Сташ Скубе и Даинис Кристопанс.

Тие двајца се најнискиот и највисокиот ракометар во сите тимови кои партиципираат во Лигата на шампионите, 179 цм, односно 215 цм.

ЕХФ ТВ ги спореди со Давид и Голијат, но за разлика од библиската приказна, овие јунаци – Скубе и Кристопанс, не се борат меѓусебе.

Во сторијата за магазинот на ЛШ, тие откриваат како соработуваат на теренот, и колку нивната висина може да биде предност или мана во играта.

„Многу тренери не веруваа во мене дека може да стигнам до нивото на коешто сум сега. Јас сум заљубен во ракометот, не промашував ниеден тренинг и тоа ми донесе успех и ме донесе на местото каде што сум сега. Со Кристопанс треба само да се погледнеме и знаеме кој што треба да направи“, вели Скубе.

„Јас тренирав секогаш, па дури и кога бев дома. Имав добар тренер, кој велеше дека ако работам напорно, ќе дојде успехот за мене. Со Скубе лесно се разбираме, тој знае како да ја искористи мојата висина, а јас неговата. Креираме добри шанси да даваме гол, функционираме супериорно оваа сезона. Тоа се должи на напорниот тренинг, затоа што без тренинг, не можеш да се пробиеш во спортот“, додава Кристопанс.

Погледнете ја сторијата ТУКА.