Гунарсон: Тешко беше да се чува нивниот пивотмен од 140 килограми!

Македонската машка репрезентација забележа важна победа над Исланд, прва на теренот во Рејкјавик, со 33-34 и се избори за пол позиција во трката за пласман на ЕП. Островјаните не можат да се помират со поразот, а Арнор Гунарсон вели дека најтешко им било во дуелите со Стојанче Стоилов.

„На почетокот игравме добра одбрана и ги добивавме дуелите. Тие се мачеа да пробијат, но потоа се поставија во линија и ги пронајдоа дупките во нашата одбрана. Едноставно не смееме дома да примаме 34 голови. Не реши нивниот пикер од 140 килограми, навистина тешко е да се чува кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија“, изјави Гунарсон.

Следниот натпревар меѓу Македонија и Исланд ќе се игра на 14 април в недела, со почеток од 20:00 часот во Скопје.