Гулден по примерот на најголемите спортски ѕвезди: Швеѓанката отвори онлајн продажба на нејзини производи

Денес репрезентативката на Шведска и ракометарка на ЦСМ Букурешт -Изабел Гулден на својата веб страна објави дека започнува со продажба на производи со нејзин потпис.
Во нејзината колекција има различни постери, маички, шалови, капи и останати производи кои ќе ги задоволат потребите на нејзините обожаватели.
Цените на производите се ниски, а нарачката се одвива преку нејзината веб страна. Ракометарката очекува голема заинтересираност во скандинавските земји, како и во Романија.