Гулден за 24Ракомет ТВ: Не ти треба мотивација за финале, мора да дадеш сè од себе (ВИДЕО)

Со 108 голови, Изабел Гулден заврши на првото место како ракометарка која постигнала најмногу голови во Лигата на шампионите. Во финалето, шведската интернационалка блескаше и постигна рекордни 15 погодоци за конечна победа на ЦСМ Букурешт во елитното натпреварување. Веднаш по прогласувањето на победниците Гулден во изјава за 24Ракомет истакна дека никогаш во својот живот не била толку нервозна како при последниот шут од линијата за седум метри. Целосната изјава на Гулден за 24Ракомет ТВ можете да го погледнете во продолжение.