Губикова ја откажа Лекиќ: Сите одбранети пенали на натпреварот Србија-Словачка (ВИДЕО)

Младата и талентирана голманка на словачката репрезентација, Лусија Губикова засекогаш ќе го запамети денешниот ден откако им ја донесе победата на своите репрезентативки, со фантастичен процент на одбранети удари од 7 метри (4/4 100%).
Во првото полувреме Лекиќ се обиде прва од пенал линијата, потоа намерата на Цвијиќ истотака беше прочитана, во третиот обид Цвијиќ ја погоди пречката, зa во второто полувреме да дојде до промена на изведувачот на пенали, но резултатот беше идентичен обидот на Стоиљковиќ повторно одбранет. Клучниот момент на натпреварот беше изборениот пенал на Србија при резултат 21-21 на 90 секунди до крај на натпреварот, обидот на Лекиќ не помина покрај Губикова за во следниот напад Словачка да постигне гол за победа на овој дуел (на Словачка и одговараше и нерешен резултат).
Сите одбрани од линијата за 7-метри можете да ги погледнете во следново видео.