Група А: Бразилците убедливи против Белорусија

Во воведниот натпревар од третото коло на групата А се сретнаа две квалитетни репрезентации кои негуваат различен стил на игра и формациска поставеност. Во мечот кој одлучуваше за пласман во 1/8 финалето, бразилците благодарение на подобрата игра во нападот успеаа да слават над Белорусија со 5 подогоци разлика.

ГРУПА А:  БЕЛОРУСИЈА – БРАЗИЛ 29:34 (12:16)

По неколкуте грешки на обете страни со погодокот на Џианис Рутенка, Белорусија стигна до првиот погодок на натпреварот за набрзо неговиот помлад брат Сергеј да го постигне вториот погодок и да ја однесе репрезентацијата на Белорусија на почетно водство од +2. Бразилците ја искористија конфузијата на белорускиот напад и брзо го доведоа разултатот во егал 3-3.
Следуваше изедначена игра а подобрата игра на бразлиците во нападот пропратена со петтата успешна реализација на Фабио Киуфа го одведоа Бразил на предност од +2 на средина на првиот дел.

При резултат 8:10 во осумнаесетата минута Бразилците ја променија формацијата во 5-1 додека Белорусија продолжи со играта со длабока зона 6-0. Бидејќи конфузијата во белорускиот напад продолжи белорускиот селектор го искористи правото на минута пауза но неговите совети не вродија со плод. Натпреварот продолжи со исто темпо и до крајот на полувремето бразлиците успеаа да ја зголемат разликата на 4 погодоци во нивна полза и да заминат на пауза при резултат 16:12.

10933348_10153527675457977_1407910588_n

Со погодокот на Сантош бразлиците го отворија вториот дел но овој пат Белорусија успеа по само неколку минути игра да намали разлика на само 1 погодок разлика. Гама со погодок во средината на вториот дел повторно ја врати сигурноста во рацете на Бразил кои со позитива од 5 влегоа во завршните 10 минути на натпреварот.

Белорусите влегоа решително во завршните минути на натпреварот и со двата погодоци на Николенкау успеаа за нијанса да ја намалат предноста на противнците. Сепак Бразилците не дозволија изненадување и до крајот на натпреварот ја имаа контролата во свои раце за конечни 34:29.

Кај поразената селекција најефикасни беа браќата Рутенка и Николенкау сите со по 6 погодоци додека кај Бразил најефикасни Рибеиро и Киуфа со 8 постигнати погодоци.