Грузиски џин ќе го менува Мајнов

Грузиски репрезентативец со одлични физички предизспозици, 208 цм/126 кг, ќе биде замената за Лазо Мајнов на десната бековска позиција во тимот на Е. Работник. Станува збор за Рати Мсквилидзе, кој е соиграч на добро познатите Темо Орјоникидзе и Реваз Чантурија во грузиската репрезентација.

31-Годишниот Мсквилидзе потекнува од тимот на Шевардени Тбилиси, а има и интернационална кариера во тимовите на Стјарнан од Исланд, Металопластика од Србија, две сезони во турскиот Трабзон. Во Македонија доаѓа од Иран.

Е. Работник на почетокот на оваа сезона го доведе младиот хрватски интернационалец Лука Ковачевиќ, но не беа задоволни од неговите перформанси и му беше раскинат договорот. Но, откако си замина Лазо Мајнов, мораше да се бара барем еден леворак играч.

Дебито би требало да го има во пелагонискиот двобој со Прилеп претстојниот викенд.