Грот прогласена за ракометарка на годината во Данска

Холандската интернационалка Нике Гроот се стекна со признанието на најдобар играч на годината 2014 во Данска.

Во гласањето учествуваа сите играчи од данската супер лига, прва дивзија како и данските играчи кои настапуваат во странство а Гроот успеа да се стекне со дури 45 % од гласовите.

Нике Гроот настапува за екипата на Митјиланд и одличните партии кои ги прикажува ја доведоа нејзината екипа до финалето по победата на Хостелбро.