ГРК Борец подобар од Металург 2

Новиот суперлигаш, ГРК Борец со победа ја стартуваше сезоната во македонското првенство. Во Велес гостуваше младиот состав на Металург 2, екипа која се покажа во одлично светло пред велешката публика, но го загуби натпреварот во неизвесна завршница. Ракометарите на Борец триумфираа со еден гол разлика 27:26 (15:12).

Најефикасен во победничкиот тим беше Куциновски со седум погодоци, додека во редовите на Металург 2 се истакна Шилегов со шест погодоци.

Резултати, 1 коло

РК Работнички – Охрид  30:24 (14:11)

РК Пролет – РК Радовиш 29:27 (16:14)

РК Прилеп – РК Пелистер  26:21 (9:9)

ГРК Борец – Металург 2  27:26 (15:12)

Поради настапите во ЛШ, Металург дуелот со Вардар Јуниор ќе го одигра на 23.09.2015 со почеток од 17ч.