Гркинките на кои им сметаше „Македонија“ во татковината се хероини!

Женската кадетска репрезентација на Грција го напушти мечот против Македонија од ЕХФ шампионатот што се одржуваше во Скопје поради маичките на службените претставници на нашиот тим на кои пишуваше Maкедонија. ЕХФ реагираше остро на ваквиот потег на Грција и не само што ја исфрли од првенството, туку и ја казни со 25.000 евра. Сепак и покрај тоа, младите грчки ракометарки во нивната татковина се третирани како хероини, а тамошниот претседателот Прокопис Павлопулос ги прими во својот кабинет и ги пофали дека „го одбраниле името на Грција“!

„Ви благодарам што сте тука. Вие сте пример како се сака својата земја. Го одбранивте името на Грција и воопшто, на спортот.“ – изјави преседателот Павлопулос на приемот.

Ова не е првпат да имаме проблем во спортските арени и на спортските настани со нашиот јужен сосед, кој спортот го користи во политички цели во секоја можна прилика. Конкретно, по спортниот меч, Грција бараше казна за РФМ, регистрирање на резултатот со службени 10:0, враќање на нивната репрезентација на првенството…но од ЕХФ немаа слух за небулозните молби и барања и останаа на првичната одлука.