Грешка на ЕХФ или… Вардар веќе не е фаворит во ЛШ

На неколку дена до почетокот на натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите од ЕХФ објавија листа на тимовите кои важат за фаворити за висок пласман. Направено е рангирање на Топ 10 клубовите, а за вистинско изненадување таму го нема шампионот од 2017 година.

Во ЕХФ редовно се готват вакви листи според кои се објавуваат шансите на тимовите за новата сезона. Овој пат тимот на Вардар кој во 2017 година победи, а годинава заврши на 4. место не се смета како кандидат за пласман на Ф4.

Неколкуте заминувања кај вардарци и промената на тренерот се најверојатно главните причини за отсуството на Вардар од оваа листа. Затоа, пак, има други екипи кои досега беа во втор план како Мешков Брест и Пик Сегед. Изненадува и тоа што и ПСЖ е на изненадувачки 3. место, додека Рајн Некар има висок позиција и е зад тимот на Монпелје кој како бранител на трофејот се најде највисоко.

Како изгледа Топ 10 листата можете да видите во продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ) – ТОП 10

РАНГИРАЊЕ ПРЕД СТАРТ НА СЕЗОНА

10. КЕЛЦЕ (Полска)

9. ВЕСПРЕМ (Унгарија)

8. ПИК СЕГЕД (Унгарија)

7. НАНТ (Франција)

6. МЕШКОВ БРЕСТ (Белорусија)

5. БАРСЕЛОНА (Шпанија)

4. ФЛЕНЗБУРГ (Германија)

3. ПСЖ (Франција)

2. РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН (Германија)

1. МОНПЕЛЈЕ (Франција)