Грациозност и стил за крај на групната фаза на женскиот дел од ЕПРП 2015 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Третиот ден од Европското ракометно првенство на плажа во женска конкуренција не донесе поголеми изненадувања.
Денешната програма започна со натпреварот помеѓу Србија и Унгарија во кој српските ракометарки иако ја намачија Унгарија сепак доживеаа пораз од 0-2 (14-15, 14-15). Дебитантот на овие натпреварувања, репрезентацијата на Црна Гора го доживеа својот шести пораз во шестиот натпревар, овој пат подобри од нив беа Норвежанките кои славеа со 0-2 (11-26, 7-20). Хрватската женска репрезентација за разлика од своите машки колеги нема да биде дел од главната рунда. Коцкастите денеска беа совладани од Украина со 2-1 (18-14, 11-15, 6-4) и ќе треба да се задоволат со борбата од 9 до 14 место. Домашната репрезентација на Шпанија со победата од 2-0 над Шведска го осигура второто место на табелата во групата Б, веднаш зад Норвешка и со два бодови ќе стартува во главната фаза.Од утре започнуваат да се играат натпреварите од главната фаза и дуелите за пласман од 9 до 14 место.
-ГЛАВНА ФАЗА-
ГРУПА 1: Шпанија, Унгарија, Украина, Италија
ГРУПА 2: Норвешка, Русија, Полска, Холандија
ГРУПА ЗА ПЛАСМАН (натпревари од 9 до 14 место):
Хрватска, Швајцарија, Шведска, Србија, Германија, Црна Гора

[Best_Wordpress_Gallery id=”129″ gal_title=”Loret ZENI den 3″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ