Градско дерби за отворање на новата сезона во машката Супер лига

На 17 септември започнува новата сезона од ракометната Супер лига. На денешниот состанок на суперлигашите се одржа извлекувањето на двојките кои ќе се борат за едно од четирите места кои водат во ракометниот плеј-оф. Ждрепката сакаше на отворањето на сезоната да се сретнат новите градски ривали амбициозниот дебитант Работник и некогашниот гигант Пелистер како најава за нови ракометни возбудувања во Битола.

Двојки за прво коло:

Пелистер – Еурофарм Работник

Прилеп – Вардар јуниор

Пролет – Металург 2/Преспа

Радовиш – Борец

Работнички – Охрид

Најдобрите четири екипи од македонскиот шампионат продолжуваат во плеј-оф фазата каде ќе им се придружат Металург и Вардар. Останатите клубови ќе се борат за опстанок во плеј-аут фазата на македонската Супер лига.