Го смени клубот, но не и градот: Стефан Вујиќ оди во Динамо Букурешт

Репрезентативецот на Србија, Стефан Вујиќ најверојатно и во следната сезона ќе остане во главниот град на Романија. Ракометарот на Стеауа Букурешт би требало да го засили градскиот ривал Динамо Букурешт.

Динамо во две средби ја победи Констанца предоведна од Звонко Шундовски со што обезбеди пласман во Лигата на шампионите и за следната сезона, па оттаму Вујиќ од септември би играл во најелитното европско натпреварување.

Искусниот среден бек важи за играч со големо искуство на клупски како и на репрезентативен план. Кариерата ја започна во Пореч, од каде потпиша за Нант. Таму се задржа една година за да му се прудружи на Истр.

По две години во најсилната лига на Франција пристигна во Хрватска каде две сезони настапуваше за Загреб, а од 2017 е член на Стеауа. Динамо Букурешт оваа сезона стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите каде испадна од Спортинг Лисабон.