Го донесе трофејот во Скопје: Дали Дину ќе биде талична и за екипата на Ѓорѓиевска?

Романската легенда и бивш играч на Кометал, Луминита Дину  е нов член во таборот на романскиот шампион Баја Маре.

Шампионската титула со Кометал како и среброто од Светското првенство во Русија одиграно во 2005 на кое Дину беше прогласена за најдобар голман на турнирот говорат доста за искуството кое како таа ќе го пренесе на романскиот состав.

“Дојдов со една цел тука во клубот и на инсистирање на градоначалникот Каталин Черечеш. Со Тоне Тисељ работев во Словенија и наша прва задача ќе биде романскиот куп. Јас гарантирам дека се што зависи од мене ќе го дадам за овој тим да стигне до победа на теренот ” изјави Дину за официјалната страна на Баја Маре.