Гоце Ојлески пред вратите на Одорхеи!

Репрезентативното лево крило, Гоце Ојлески беше еден од малкумината ракометари кои останаа до крајот на оваа сезона верни на Металург. По финансиските проблеми со кои се соочи екипата од Автокоманда, заедно со голманот Никола Митревски му помогнаа на клубот да ја заврши најтешката сезона во нивната историја.
Никола Митревски од следната сезона ќе игра за Бенфика и ќе настапува во португалскиот шампионат, додека информациите за Ојлески говорат дека ќе се пресели во романското првенство и ќе им помогне на Мајнов, Кузмановски и Стоилов да го подобрат пласманот на Одорхеи за следната сезона.
Деталите околу трансферот се уште не се познати, а се очекува во наредните денови да биде потпишан договорот. Одорхеи оваа сезона го освои Челинџ Купот, но во романскиот шампионат завршија на разочарувачката седма позиција.