Гоце Георгиевски: Ќе го одработиме она што го планираме за Хрватска

Десното крило, Гоце Георгиевски смета дека оваа недела ќе биде од голема корист за репрезентацијата бидејќи ќе може да се одработи многу од она што селекторот Гонзалес го има замислено.

„Ова за нас е добро. ЕХФ-неделата е корисна како за сите селекции. Тоа што немаме спаринг партнер не мора да е проблем. Тука сме една седмица и ќе бидеме заедно така што ќе можеме да го одработиме сето она што ни претстои за ЕП во Хрватска. Голем плус за нас е што ќе можеме да одработиме на тактички план за да се подготвиме што е можно подобро“, изјави Георгиевски.