Гоце Георгиевски уште две години во Тулуз

Македонскиот репрезентативец и поранешен ракометар на македонскиот шампион Металург, Гоце Георгиевски од оваа полусезона е нов член на францускиот тим Тулуз. Одличните настапи на десното крило во синиот дрес, беа препорака за продолжувње на соработката со француската екипа.

Вчера беше постигнат договор со управата на клубот, а Гоце Георгиевски ќе се обврзе на две години (1+1) верност со Тулуз. Француската екипа оваа сезона од 24 одиграни натпревари има 8 победи, 12 порази и четири нерешени натпревари и веќе обезбеди опстанок во францускиот шампионат.

Тулуз се наоѓа на 10 место на табелата,  а со продолжување на соработката со Гоце Георгиевски создава нов амбициозен тим за наредните сезони. На крајот на сезоната екипата ја напушта поранешниот капитен на француската репрезентација Жером Фернандез, но за следната сезона Тулуз најави нов проект со нови ракометни имиња.