Гостувањето на ЖРК Будуќност во Скопје помина неславно

ЖРК Металург беше домаќин на четвртиот ракометен турнир во женската регионална ракометна лига. Гости во “Автокоманда” беа екипите на ЖРК Будуќност, ЖРК Даниловград и Крим Меркатор. Црногорската екипа, Будуќност од Скопје си замина со две победи од толку натпревари, Даниловград и Крим остварија по една победа, а нашиот вицешампион беше поразен од двете црногорски екипи, Будуќност и Даниловград.

Иако ЖРК Будуќност е меѓу главните кандидати за освојување на титулата во Лига на шампионите, нивното доаѓање во Скопје не предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот иако влезот за сите натпревари беше слободен.

Резултати, турнир 4 ( Скопје)

21 јануари 

ЖРК Металург – ЖРК Даниловград 18:21 ( 9 :10)

Крим Меркатор – ЖРК Будуќност 24:35 ( 9:17)

22 јануари

Крим Меркатор – ЖРК Даниловград 26:19 ( 9:8)

ЖРК Металург – ЖРК Будуќност 16:25 ( 9:13)