Гордана Нацева: Очекувам сигурна победа за подигнување на атмосферата пред двата завршни натпревари

По повод натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција, екипата на РК Вардар ја одржа редовната прес конференција.Гордана Нацева, претседател на клубот:

Очекувам сигурна победа, победа која ќе ја засили самодовербата во екипата пред двата завршни натпревари во првата фаза. Верувам во екипата, во стручниот штаб и само времето е во прашање кога ќе ја достигнат оптималната форма. Се работи за наш стар спортски пријател и противник верувам дека ќе биде добар натпревар.

Индира Кастратовиќ, тренер ЖРК Вардар:

Знаеме дека ни е битен натпреварот со Подравка не треба да размислуваме за крајот очекуваме победа, не сум задоволна од формата во претходните три натпревари,а се надевам дека девојките ќе фатат ритам од овој натпревар натаму.

Маја Зебиќ, ракометарка ЖРК Вардар:

Очекувам во недела победа, до сега не пруживме она што го можеме, но животот оди понатаму Подравка е добра екипа, но не подобра од нас. Она што им се случи во првото полувреме во Копривница не верувам дека ќе се повтори, тогаш се им тргна од рака.

Натпреварот започнува во 19:00 во недела, вратите ќе бидат отворени од 17:30.