Горбок не издржа: Од болница директно во сала (ФОТО)

Повредениот ракометар на Вардар, Сергеј Горбок не успеа да издржи и само неколку дена после операцијата во Загреб тој се појави во салата во СЦ „Јане Сандански“. Тој денеска беше на средбата меѓу Вардар и Кристијанштад во Лигата на шампионите и им даде поддршка на своите колеги.

Горбок беше веднаш зад едниот гол и постојано даваше дополнителен елан за своите колеги, кои и без тоа беа во елемент и газеа во текот на целата средба.

Вардар имаше одлична средба и секако оваа победа оди и за Горбок, кој пред само некој ден направи операција на десното колено кое го повреди на тренинг.

Тој ќе биде надвор од терените извесен период и ќе недостига, но за секоја почит е неговиот потег.

Горбок речиси едвај се движи и оди со помагала, но кога е во прашање Вардар и колегите тогаш нема штедење и тие се на прво место.