Горбок е одлично подготвен, може и на СП во скок во височина (ФОТО)

Првиот натпревар на Вардар на домашен терен сезонава беше одработен според планот во резултатскиот дел, а „црвено-црните“ без поголеми проблеми дојдоа до победа против Пекинг Спорт Универзитет, а со ова успешно тргнаа во новиот поход во СЕХА лигата.

На овој натпревар се виде дека ракометарите полека ја креваат формата и јасно е дека сè се темпира за средбите од Лигата на шампионите. Она што радува е и фактот дека Сергеј Горбок е во ритам и дека повредата е минато и далеку зад него.

Дека е добро подготвен покажа и при еден скок над рекламите со што се виде дека би можел слободно и на натпревар во скок во височина.

Со оглед на тоа што се ближи Светското првенство секако одлично би се снашол и на борилиштето во оваа атлетска дисциплина.