ГОРБОК: БЕА ТЕШКИ ВРЕМИЊА И ЗА ВАРДАР И ЗА МАКЕДОНИЈА, НО СТАНАВМЕ ШАМПИОНИ (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар заедно со многубројните навивачи ја прославија втората титула во Лигата на шампионите.

Еден од руските интернационалци во македонскиот првак, Сергеј Горбок, не беше дел од првото славје, па ова му е прва титула со Вардар.

„Успеавме да напишеме нова историја. Беа тешки времиња, како за Вардар, така и за Македонија, но сепак ние успеавме да станеме шампиони“, кажа Горбок.