Горан Крстевски ќе го скокне Исланд, но и дербито со Пелистер

Екипата на Еурофарм Работник исто како и против Металург синоќа и на битолското дерби против Пелистер нема да може да биде во комплетен состав. Стевче Алушовски и за овој дуел ќе го нема Горан Крстевски кој има повреда

После вчерашниот натпревар во Скопје каде Еурофарм Работник му зададе силен удар на Металург, тренерот Алушовски ја соопшти причината поради која Крстевски беше на трибините во Автокоманда.

„Горан Крстевски има повреда на рамото. На еден од тренинзите имаше дислокација на рамото и поради тоа не беше во можност да биде во составот за оваа средба. Се надевам дека брзо ќе ни се врати и дека ќе имаме уште еден играч плус во ростерот“, изјави за 24 Ракомет, Стевче Алушовски.

Денеска веќе стана јасно дека Крстевски отпадна од списокот на Брестовац за натпреварите на Македонија против Исланд, но неизвесно е колку ќе мора да паузира и кога ќе им се приклучи на колегите во Еурофарм Работник.