Гонзалес: Ја осигуравме третата позиција на табелата сега ќе се бориме за втората позиција во групата!

Вардар успешно ја премости првата пречка на пат кон втората позиција, Монпелје е веќе минато и сите погледи се свртени кон Рајн Некар. По натпреварот тренерот Гонзалес и најдобриот стрелец Дибиров искажаа задоволство од победата и надеж пред натпреварот со германскиот шампион.
Патрис Канеје, тренер на екипата на Монпелје:
Им честитам на екипата на Вардар и на судиите кои одлично го водеа натпреварот. Ние сме разочарани од резултатот мислам дека можеме подобро. Направивме многу технички грешки за да можеме да ја загрозиме екипата на Вардар и да може да одиграме неизвесен финиш. Малку сме во деликатна ситуација бидејќи имавме 10 играчи на светското првенство во Катар имаме неколку ракометари кои се враќаат од повреди. Ќе тренираме повеќе и за 10-15 дена се надевам ќе ја достигнеме оптималната форма. Честитам за атмосферата во Скопје која беше фантастична.

Раул Гонзалес, тренер на екипата на РК Вардар:
Среќен сум за нас беше многу важен натпревар, ја осигуравме третата позиција на табелата сега ќе се бориме за втората позиција во групата. Го победивме Монпелје кои се први во француското првенство, тие играат многу брз и квалитетен ракомет цврсто во одбраната и ние исто така имавме проблем со ракометарите кои учествуваа на СП во Катар. Ова беше еден навистина квалитетен натпревар.

Тимур Дибиров, ракометар на екипата на РК Вардар:
Им честитам на екипата на Монпелје. Тие секогаш играат таков ракомет да високото водство не значи победа, затоа што секогаш можат да се вратат во игра. Тренерот беше загрижен за нашата форма по СП, но одигравме добро и сега во Германија ќе се бориме за второто место.
Драган Гајиќ, ракометар Монпелје:
Честитки за екипата на Вардар заслужено победија. Мислеам дека имавме два три момента кога можевме да направиме повеќе, но имвме технички грешки по што е многу тешко да се вратите во натпреварот против екипа каква што е Вардар. Арпад ни бранеше кога најмалку требаше. Ќе се потрудиме да ја подобриме формата во наредниот период.