Гонзалес: Се оди по планот, имаме 4 од 4

Вардар славеше над Татран Прешов со 32:28 во рамките на СЕХА Лигата што беше четврта победа на првакот во исто толку натпревари. Ова беше проверка за „црвено-црните“ момци пред вториот дуел од Лигата на шампионите против Нант. Се чини дека вардарци одиграа колку што требаше да победат. Раул беше краток на прес-конференцијата по мечот.

„Гостите оваа сезона играат многу добар ракомет. Првото полувреме игравме многу добра одбрана и добар напад направивме солидна разлика. Во вториот дел Татран играше подобро од нас, јас сум задоволен од тоа како одиграа моите играчи бидејќи веќе имаме 4 победи во 4 меча.“ – изјави Раул.

Средниот бек Лука Циндриќ одигра добар натпревар.

„Татран Прешов покажа карактер и одлична борбеност, можат да се надеваат за Ф4 во СЕХА Лигата. Ние играмве добра одбрана и добар напад и овој дуел ни послужи како добра подготовка за Нант.“ – краток беше Циндриќ.

Следниот натпревар во СЕХА Лигата, Вардар го игра на гости кај Целје.