Гонзалес: Потребна е помош од публиката ако сакаме да играме на Фајнл Фор!

Пред „црвено-црните“ стои последниот предизвик на патот кон Фајнл Фор турнирот во Келн. Доколку падне Веспрем, отворени се вратите кон шампионскиот пехар во Лигата на шампионите. Македонскиот првак пред клучниот натпревар во четвртфиналната фаза, од Скопје ја започнува својата битка за место на завршницата во елитното натпреварување. Пред првиот меч, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес претпазливо истакна дека одбраната е клучот за успех против гигант каков што е Веспрем.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

За мене Веспрем е многу добар противник, ако успееме да одиграме добро во одбраната, може да се надеваме на повеќе. Тие имаат добра одбрана, имаат паметни и крупни играчи кои се движат брзо со брз контра-напад. Ние оваа недела ги анализиравме, но мислам дека ако сакаме да успееме треба да играме сите шеесет минути максимално, бидејќи вториот дуел се игра во Веспрем. Не знам колкава ќе биде разликата, не знаеме како ќе се одвива натпреварот, ни треба помош од публиката и треба да имаме доверба ако сакаме да играме Ф4, но Веспрем ги има Палмарсон, Наѓи, Илиќ, Чема Родгригез, затоа не можеме да знаеме како ќе се одвива натпреварот.