Гонзалес: Очекувам добар натпревар, борба за прво место!

Пред македонскиот првак е најсериозниот испит оваа сезона. Во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите во спортскиот центар „Јане Сандански“ гостува актуелниот европски првак Киелце. Тоа беше причина за прес-конференција пред саботниот натпревар. Тренерот Гонзалес истакна дека очекува квалитетен и тежок натпревар, и затоа е потребна помошта од публиката.

Раул Гонзалес, тренер, РК Вардар:

Во сабота играме нов натпревар од Лигата на шампиони против актуелните шампиони, Киелце. Очекувам многу добар натпревар. Тие имаат многу добри играчи, корпулентни и паметни и затоа очекувам ние да одиграме добро во одбраната затоа што не смее да дозволиме да доминираат со својот квалитетен напад, а со тоа и да ги искористиме контранападите кои би ни се укажале. Трениравме вчера, работиме видео анализа и продолжуваме со тренинзи попладнево и утре кога ќе ги направиме завршните подготовки и потоа ќе одлучиме кој ќе игра, а кој нема да игра. Очекувам одличен и атрактивен натпревар. Салата треба да биде полна, бидејќи ни е потребна помошта од сите навивачи.

ФОТО: Денис Дуковски, РК Вардар