Гонзалес: Ние сме фаворити против Загреб, но кога салата е полна и ние играме подобро!

По одличниот почеток и двете победи, европскиот шампион Вардар во третото коло ќе го пречека хрватскиот шампион ППД Загреб. Во одлична атмосфера составот на Раул Гонзалес ќе го пречека Загреб, кој оваа сезона иако засилен не може да го пронајде својот ритам.

Раул Гонзалес, тренер на Вардар:

Во недела играме против Загреб во рамките на трето коло. Тие имаат добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои истотака имаат свој квалитет. Очекувам тежок натпревар тие играат зона 6-0, ама можат да поминат на 5-1. Имаат добро организирана 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, сакаме така да остане и по овој натпревар. Ние сме фаворит, имаме шанса да останеме први, затоа треба да го почитуваме противникот. Задоволен сум од играта, можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Јас сакам да победам, а кога салата е полна и ние играме подобро.

Карачиќ тренира сам, ќе видиме деновиве дали ќе може да ги издржи напорите на цел тренинг. Милиќ за сега не може да игра, Арпад го мачи повреда на рамото, но задоволен сум од тоа како тренира Даниел и се надевам дека ќе биде од помош на овој дуел.

Скопската публика ќе може да го проследи дуелот меѓу Вардар и ППД ЗАгреб во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00.