Гонзалес: Натпреварот против ПИК Сегед ќе биде најтежок досега

Ракометарите на Вардар ги продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите. Следен предизвик за еврропскиот првак ќе биде незгодното гостување во Сегед кај тимот на ПИК Сегед. Унгарскиот вицепрвак има силен состав и во досегашниот тек од ЛШ има две победи и еден пораз.

Вардар и ПИК Сегед досега имаат шест одиграни натпревари. Вардар победил четири пати и еден меч завршил со реми. Единствените два бода што ги освоиле Унгарците се од 2004 година. Во периодот од 2015 до 2017 година играа четирипати меѓусебе и секогаш триумфираа вардарци.

„Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овојпат. Нивниот тренер е навистина добар и тие играат со многу тактика. Досега двапати победивме во Сегед во лигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас, бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро.“ – вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Сезонава шампионот има доста проблеми со повредите, па ретко на кој натпревар Гонзалес може да смета на комплетен состав. Сега извесно време ги нема Милиќ и Карачиќ.

„Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ. Тој не тренираше долго време. Знам дека ако некој не тренира тешко е потоа да игра добро, но секогаш верувам во тимот што е на терен.“ – смета Гонзалес.

Кај ПИК Сенема големи промени во играчкиот кадар. Во однос на лани имаат само две нови имиња, левото крило Стефан Сигурмансон и средниот бек Димитри Житников.

„Нема многу менувања во нивниот состав, играат добро со пикер. Горбох играше добро на три натпревари. Средниот бек на Русија Житникот има квалитет, може да игра добро и во одбрана. Ќе биде навистина тешко.“ – заврши Гонзалес.

Натпреварот во сабота почнува во 17:30 часот со пренос на МТВ.