Гонзалес: Мораме да ја подобриме играта, за да можеме да очекуваме повеќе!

Утре Вардар го очекува нов натпревар од СЕХА лигата, последен за оваа сезона, борба за третото место против екипата на ППД Загреб. Вујовиќ повторно ќе се сретне со својот поранешен клуб, а за очекувањата од овој натпревар пред претставниците на медиумите говореа двата тренера, Сергеј Горбок и Ловро Шпрем.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:
Загреб ја подобри играта, тие се добар тим, а со Вујовиќ многу созраеаа и ја подобрија играта.Мораме и ние да ја подобриме нашата игра, пред се во напад и брза транзиција за да можеме да очекуваме повеќе.
Сергеј Горбок, ракометар на РК Вардар:
Ја ценам екипата на Загреб, игра динамичен и атрактивен ракомет, нас не мачат многу повреди сега, како и во текот на целата сезона.
Веселин Вујововиќ, тренер на РК Загреб:
Натпреварот што го играме утре ќе биде четврти за седум дена, во среда играме против Умаг во домашното првенство, пет натпревари во десет дена што е многу. Кај моите ракометари веќе се појавуваат знаци на замор, по натпреварите со Колдинг во Лигата на шампиони и тука против Прешов и Веспрем е многу тешко. Најтешко за мене како тренер ќе биде да ја повратам екипата од поразот со Веспрем, потешко е да ја повратам ментално, отколку физички по таков тесен пораз. Екипата на Вардар е една од најдобрите во регионот имаат големи шанси да се пласираат на Фајнл Фор турнирот во Келн. Ќе биде голема сатисфакција за нас, доколку успееме да ја победиме екипата на Вардар.
Ловро Шпрем, ракометар на РК Загреб:
Се знаеме многу добро, игравме неколку пати оваа сезона и двете екипи имаат проблеми, Вардар особено овој период има многу повредени играчи. Но Вардар е голем тим со широк ростер, се надевам дека на крај ќе победиме.