Гонзалес: Добар тест пред натпреварот со Монпелје!

Вардар ја започнува СЕХА годината со дерби натпревар, противникот е Мешков Брест, а домаќин Спортскиот центар “Јане Сандански”. На првата прес конференција, свои видување дадоа Раул Гонзалес и Филип Лазаров.

Раул Гонзалес, тренер на екипата:
Прв натпревар по Светското Првенство. Среќни сме што нема повредени играчи, иако имавме само два тренинга мислам дека за професионалните играчи тоа нема да претставува проблем. Играме со добра екипа како Брест, се наоѓаме на второто место од СЕХА лигата и затоа овој натпревар е важен за нас. Добар тест бидејќи ќе одиграме наскоро натпревар од Лигата на шампиони против Монпелје. Екипата на Мешков е добра во нападот пред се Манојловиќ и Стојковиќ кои играат на високо ниво затоа треба да бидеме добри во одбрана.

Филип Лазаров, ракометар на Вардар:

Утре не очекува специфичен натпревар прв пат по Светското Првенство каде играчите се враќаат истрошени пред се физички, но истиот проблем го имаат двете екипи. Брест ја играат најдобрата сезона во историјата ние ќе одиме максимално на овој натпревар,на победа.

Натпреварот се игра утре, среда 4.2.2015 година со почеток во 20:15.