Гонзалес: Да ја повториме играта против Веспрем и на утрешниот натпревар!

Вардар во вторник ќе го одигра четвртиот натпревар од регионалната лига, по воведните две победи и реми, „црвено-црните“ ќе го пречекаат третиот директен конкурент за едно од четирите места во завршниот СЕХА турнир. Во вторник од 17:45 на жешкиот терен во „Јане Сандански“ гостува хрватскиот шампион ППД Загреб. Според тренерот на Вардар можеме да очекуваме убав натпревар и да се надеваме дека ќе се повтори играта од дуелот со Веспрем.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Одигравме добар натпревар против Веспрем, затоа треба да ја повториме таа игра и на утрешниот меч. Знаеме дека ќе биде тешко против Загреб, бидејќи тие има добар тренер и играчи, ја користат секоја грешка и имаат брз контра-напад. Очекувам добар ракомет, денес ќе го одработиме последниот тренинг по што ќе знаеме кој ќе биде составот кој ќе истрча на теренот во вторник.