Гонзалес: Горд сум што сите ракометари го дадоа максимумот!

Македонскиот шампион Вардар со шестата победа во Лигата на шампионите, го трасираше својот пат кон врвот на Европа. Значајната победа над германскиот шампион Рајн Некар Ловен само ја потврди амбицијата на македонскиот клуб. По ефикасниот натпревар најзадоволен беше тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес кој истакна дека освоиле значајни бодови, но патот е долг и тие продолжуваат со својата следна задача на домашен терен против истиот противник.

„Горд сум што сите играчи го дадоа максимумот, на овој натпревар. Тоа беше важен дуел за нас, многу важен и знаевме дека ќе биде тешко да се игра тука. Но, сега веќе мислиме на она што претстои, а тоа е следниот натпревар“, потенцираше Раул Гонзалез.