Гонзалес: Ваквите грешки не смееме да ги повториме

Вардар и Мешков ја отворија шестата сезона во регионалната лига. Натпревар полн со возбудувања, пресврт и борба, на крај заврши без победник и го означи официјалниот старт на новите возбудувања во СЕХА лигата. Нерешените 34-34 зборуваат многу за квалитетот на натпреварот, а во име на двете екипи говореа тренерите на двете екипи и ракометарите Циндриќ и Пешиќ.

Лука Циндриќ, ракометар на РК Вардар:

Одработивме само еден тренинг по Олимпијадата, но тоа не е објаснување за лошата игра вечерва. Очекувавме победа, но одигравме нерешено. Им честитам на Мешков за машката игра и фер натпревар. Но што е тука е тренираме и продолжуваме понатаму.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Им честитам на Мешков Брест за добриот натпревар, првото полувреме игравме катастрофална одбрана. Кога игравме добро можевме да искористиме нешто од контранапад и брза транзиција. Но впечаток е дека ние не одигравме добро и требаше да ротираме повеќе. Ваквите грешки не смееме да ги повториме.

Сергеј Бебешко, тренер на Брест Мешков:

Прв натпревар беше интересно иако почнавме рано со натпреварување. Нападот функционираше добро, но во одбрана и двете екипи потфрлија, а потврда за тоа се примените 34 голови.

Иван Пешиќ, голман на РК Мешков:

Реален резултат кој го отсликува натпреварот, имавме напорни три натпревари во три дена на Кањижа купот. Игравме добро и покрај тоа што бевме уморни, ги казнувавме сите грешки со лесни голови од полуконтра. Треба да обрнеме повеќе внимание на одбрана примивме 34 голови.