Гонзалез: Милиќ ја направи разликата

Со бледо прво полувреме и тотална спротивност во второто екипата на Вардар успеа да запише нови бодови на своето конто во рамките на Лигата на шампионите против екипата на Мешков Брест. Видливо беше задоволството од издвојуваната победа во таборот на црвено – црните.

Раул Гонзалез: „ Првото полувреме игравме многу лошо, со многу грешки, а и нашата одбрана не беше на вистинско ниво. Ракометарите на Брест играа подобро во првото полувреме. Во вториот дел со Милиќ на голот успеавме да направиме добра разлика. Задоволен сум од победата затоа што ова беше тежок натпревар “

Вуко Борозан: „  Честитки за борбеноста на моите колеги, а на ракометарите на Брест им благодарам за коректната игра. Се надевам дека ние ќе продолжиме во ист ритам и дека ќе прикажеме уште добри игри во иднина “