ГОЛ ЗА ТВ ШПИЦИ: Василевски по истекот на времето погоди во мрежата на „фармацевтите“ (ВИДЕО)

Ракометарите на Бутел Скопје во овие моменти го играат натпреварот против фаворизираниот состав на Еурофарм Работник.

Битолчани мака мачеа да го скршат отпорот на жилавиот домаќин, но сепак на крај успеаја да ја надминат негативата од три голови и да заминат на пауза со предност од 14-15.

Сепак последниот погодок од првиот дел ќе остане во аналите. Пивотменот Кристијан Василевски погоди од слободен удар по истекот на времето во мрежата на Трајкоски.

Погледнете го овој прекрасен погодок….

видео: sport.video