Голужа го објави скратениот список: Карачиќ меѓу дваесетте селектирани

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Славко Голужа го објави скратениот список од 20 ракометари кои ќе ги започнат подготовките за Светското Првенство во Катар 2015. Покрај веќе проверените имиња како Дувнјак, Алиловиќ, Чупиќ, Хорват и Вори, во хрватската селекција шанса ќе добијат Степанчиќ, Карачиќ, Обрановиќ и Слишковиќ кои имаа одлична сезона во своите клубови.
Хрватска ги започнува подготовките на 26 декември со првата средба во Загреб, а истиот ден заминуваат на подготовки во Умаг, по новогодишните празници на 9-ти и 10-ти јануари, Хрватска ќе одигра пријателски натпревари со Србија во Пореч и Ријека. Хрватската репрезентација за Катар заминува на 13 јануари, а ден претходно Голужа ќе ги објави 16-те патници на Светското Првенство.

Меѓу 20-те селектирани за првата фаза се:
1. Мирко Алиловиќ (Веспрем)

2. Иван Пешиќ (Мешков Брест)

3. Филип Ивиќ (ППД Загреб)

4. Мануел Штрлек (Киелце)

5. Иван Нинчевиќ (Бешикташ)

6. Ловро Шпрем (ППД Загреб)

7. Иван Чупиќ (Киелце)

8. Златко Хорват (ППД Загреб)

9. Игор Вори (ПСЖ)

10. Жељко Муса (Киелце)

11 Илија Брозовиќ (ППД Загреб)

12. Марко Копљар (ПСЖ)

13. Лука Степанчиќ (ППД Загреб)

14. Марио Вугљач (ППД Загреб)

15. Дамир Бичаниќ (Шамбери)

16. Иван Слишковиќ (Цеље Пивоварна Лашко)

17. Јаков Гојун (ПСЖ)

18. Сандро Обрановиќ (ППД Загреб)

19. Јосиф Валчиќ (ППД Загреб)

20. Игор Карачиќ (РК Вардар)

21.* Домагој Дувнјак (Кил)


* Се приклучува на репрезентацијата на 4.1.2015 во втората фаза од подготовките