Голот на Дибиров меѓу петте најубави погодоци на првите натпревари од елиминациската фаза (Видео)

Вардар загуби на првиот натпревар од 1/8 финалната фаза од Висла Плоцк. Високите шест голови не се ненадминлива пречка, но претставуваат сериозен испит за квалитетите на македонскиот претставник. Единствена светла точка од гостувањето во Полска е признанието на медиа тимот на ЕХФ за успешниот и прецизен обид на Тимур Дибиров во 41-та минута од натпреварот. Видеото со најдобрите пет погодоци во изминатата недела од Лигата на шампионите можете да го погледнете подолу.