Голман доживеа инфаркт на тренинг

Чуварот на мрежата, кој беше резерва на Дарко Станиќ доживеа инфаркт за време на тренинг. Уште на почетокот на тренингот на екипата на Аикс од Франција, Славиша Ѓукановиќ доживеал удар по што веднаш бил хоспитализиран во болница во Марсеј.

Докторите се грижат да го одржат во стабилна состојба, а иако уште е во животна опасност лекарскиот тим се надева дека сè ќе помине во најдобар ред.

Инаку, Ѓукановиќ беше дел од репрезентацијата на Србија заедно со Станиќ, но беше само сенка на голманот кој во минатото бранеше за Металург. Информацијата за инфарктот ја потресе ракометната публика во Франција бидејќи се работи за голман кој веќе 15 години е во овој шампионат. Тој има 38 години, а играше за Ница, Вернон, Бордо и десет години во Ст. Рафаел.

Фото: lequipe.fr