Голманот лизгаше до шесте метри за да го спаси голот (ВИДЕО)

Првенството на БиХ стартуваше минатиот викенд, а уште на почеток беше забележан атрактивен потег. На средбата меѓу Вогошча и Босна имаше интересен момент при кој голманот на гостите имаше атрактивна интервенција.

Во еден напад гостите играа без голман. Ја загубија топката, но левото крило навреме излезе за да се замени и голманот да се врати на своето место. Во меѓувреме домашните ја упатија топката кон голот, па голманот на Босна успеа да направи интересен старт при што лизгаше до шесте метри и ја запре топката навреме. Инаку, домашните победија со 34:20.