Голем гаф на младинскиот Мундијал: Хрватите ги најавија како – Срби! (ВИДЕО)

Во Шпанија е во тек Светското првенство за младинци, а на дешената програма се натпреварите од осминафиналето.

На средбата меѓу Португалија и Хрватска во последното коло од групната фаза, организаторот, односно официјален спикер направи голем гаф.

Два пати ја најави селекцијата на Хрватска како Србија! По неколку реакции, свирежи и негодувања, тој ја сфати грешката, се извини, но на хрватските ракометари не им беше сеедно.